Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во својата колумна за „МакПрес” истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ги исклучува од своите редови сите оние кои дејствувале лошо, против партијата и пред се против интересите на државата. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ сеуште се нема оградено од своите транзициски кадри.
ВМРО-ДПМНЕ го поседува оној редок механизам што ретко која друга партија го има, а тоа е расчистување со сè она што претставувало баласт и носело лошо практики со себе од минатото дејствување. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која континуирано расчистува со своите личности кои се синоним за несовесно дејствување, СДСМ досега никогаш се нема оградено од своите транзициски кадри кои сè уште се во рамките на таа политичка партија. Не слушнавме ни збор за транзициските мангупи, ниту за состојбата во која ја оставија Македонија. И во двата случаи тоа се одразува на државата, во првиот случај позитивно, во втората негативно, бидејќи какви се условите и практиките во политичките партии, така се пресликуваат и на државата. Тоа е големата разлика помеѓу нас и СДСМ, пишува Николоски.
Тој додава дека после последната седница на централниот комитет во ВМРО ДПМНЕ повеќе ништо нема да биде исто, дека завршиле со хипотеките и лошите практики во партијата.
Николоски посочи дека ако оваа држава е правна, Јавното обвинителство мора да поведе постапка за притисоците врз пратениците да гласаат за уставните измени
Во име на европските вредности на кои се повикуваме сите, некои само декларативно, а ние суштински, Јавното обвинителство мора да поведе постапка за притисоците што биле вршени врз пратениците за да гласаат за уставните измени. Доколку владеењето на правото е првото начело во она што го нарекуваме европски вредности, тогаш истрага за овие случаи е неопходна. Секако, не очекуваме дека таа истрага ќе биде веднаш спроведена бидејќи власта ги штити токму оние кои вршеле притисок, а кои ние ги исклучивме од партијата, но правда секако ќе има бидејќи тоа е вредност која ние ја носиме со себе, потенцира Николоски.
Целата колумна може да ја прочитата ТУКА.