Македонија 20. февруари 2019. / 19:08

Николоски за приведувањето на Вељаноски: Ова е притисок врз неистомислениците

Николоски за приведувањето на Вељаноски: Ова е притисок врз неистомислениците

Ова е продолжување на теророт и притисокот кој оваа хунта го прави, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Алекдандар Николоски во врска со информацијата за приведувањето на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

– Ова е злоуптреба на судството и полиција и е директен политички притисок врз неисомислениците. Ова го прават на рати, како што им паѓа рејтингот и претставува очајнички обид кој нема врска со правото и со правдата. – вели Николоски во гостувањето на една македонска национална телевизија.

Додава дека на многу луѓе им се уништуваат животите и премиерот Зоран Заев продолжува со притисокот врз неисотмислениците.

– Имам да му порачам дека работите се менуваат и дека треба 10 пати да размисли пред да направи нешто. Сметам и дека оваој акте е неуставен, бидејќи Вељаноски е пратеник во Собранието и ужива имунитет и без да му се тргне имунитетот не може ништо да преземе. – вели Николоски.