Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски гостува во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24 каде зборуваше на повеќе актуелни случувања во Македонија.
Во однос на тврењето на Николоски дека Заев е на врвот на пирамидата за „Рекет“, тој вели дека кога ја дал таа изјава кога стартуваше случајот и дека во јавноста не беа излезени други информации, од типот дека биде рекетирани повеќе бизнисмени и дека сумата не е еден до еден и пол милион туку дека е многу повисока и дека тој поделил во јавност тоа што допирало до него како информација од луѓе кои што биле предмет на уцена.
„Ја изнесов таа информација, никој не ја демантира и после тоа ја повторив уште еднаш и Заев ме тужи за втората изјава. Јас во судот презентирав бројни докази кои дојдоа после таа изјава, што на некој начин го потврдија мојот сомнеж, затоа што на пример во тоа време не се знаеше дека и Силјан Мицевски е рекетиран, дека Фијат Цаноски и Амзоски се рекетирани. Во тоа време не се знаеше дека штипскиот бизнисмен е рекетиран, на пример Главчев од Гевгелија дека е рекетиран. И бројни дуги луѓе што само повтрди она што јас тогаш го кажав дека не е еден бизнисмен, туку дека се повеќе и дека сумата надминува некаде дваесетина милиони евра“, рече Николоски.
Според него, она што е чудно во македонската политика е она што нема втор пример во ниту една држава членка на ЕУ каде што се стремиме, каде што премиерот, како што вели најмноќниот човек го тужи за клевета потпретседателот на најголемата опозициона партија, а претходно, потсети Николоски, истото го направи и неговиот брат.
„За мене е тоа една сатисфакција дека се борам против она што лошо го прави власта, но не мислам дека е добро за демократијата, да овие работи се решаваат на суд, затоа што во ваква држава како Македонија , апсолутно премиерот има предност затоа што е премиер“, вели Николоски.