Првиот дел од моето интервју за порталот Курир. Разговаравме на неколку актуелни политички теми. Погледнете го првиот дел од интервјуто во кое разговараме за скандалите и корупцијата на оваа Влада, сподели на својот Фејсбук профил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
-Имаме една комплетно коруптивна шема која завршува со првиот човек на Владата. Тоа не говори за ништо друго туку за урнисан систем. Никој во Македонија не може да поверува дека некој бизнисмен би му дал евро на Боки 13, а камоли толкави милиони евра да се вртат ако позади него не стои самиот врв на власта. Според сознанијата кои ги има ВМРО-ДПМНЕ, рекетирани се многу повеќе бизнисмени од овие кои се познати во јавноста. Тие луѓе се плашат да излезат јавно, до некаде можам и да ги разберам. Вкупната сума која што е изрекетирана е преку 20 милиони евра. По промената на власта ќе се спроведе една сериозна истрага за да се види кој се бил предмет на уцена, колку пари и од кого се побарани и дадени – напиша Николоски.