Македонија 12. јули 2020. / 10:38

Николоски: За ја да обновиме Македонија во темелите во кои е удрена, потребна е референдумска излезност

Николоски: За ја да обновиме Македонија во темелите во кои е удрена, потребна е  референдумска излезност

За да ја зачуваме Македонија и да може да ја обновиме во темелите во кои е удрена, потребно е на 15ти Јули огромна, референдумска излезност!, повика носителот во изборната единица 4, Александар Николоски.

Потребно е да излезе секој еден од вас, да ги поканите вашите роднини, пријатели, комшии, да имаме над 75 % излезност за победата да е голема.

СДСМ сака ниска излезност, за некој друг да одлучува за вас, а ние сакаме ВИЕ да одлучите која ќе е иднината на Република Македонија!, порача Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека СДСМ сакаат луѓе со свиткана кичма, а ние сакаме ГОРДИ МАКЕДОНЦИ.

Исправи се Македонијо! ??, заврши Николоски