Македонија 25. ноември 2019. / 21:45

Николоски за исклучувањето на Мијалков од ВМРО-ДПМНЕ: Со тоа повлековме чекор кон прочистување на партијата

Николоски за исклучувањето на Мијалков од ВМРО-ДПМНЕ: Со тоа повлековме чекор кон прочистување на партијата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на АЛФА ТВ во однос на исклучувањето на Сашо Мијалков дали добивал некакви закани рече дека не добивал никакви закани и дека таквата одлука била одлука на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, највисокото тело на партијата.

Одлуката беше донесена во една френетична атмосфера, со акламација, со план, затоа што беше силно олеснување за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тоа што се случи тогаш со улогата на тој човек и одредени други личности во промената на името на Македонија, ние никогаш нема да го заборавиме. Како политичка партија повлековме чекор кон практично, прочистување на ВМРО-ДПМНЕ – истакна Николоски.

Тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ го има тој внатрешен механизам на препознавање на грешките, на идентификување на оние кои ги правеле грешките и на внатрешно прочистување.