Македонија 29. мај 2020. / 23:04

Николоски: Во услови кога има алармантни бројки на заболени, треба да се продолжи вонредната состојба

Николоски: Во услови кога има алармантни бројки на заболени, треба да се продолжи вонредната состојба

Потпретедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, смета дека вонредната состојба треба да биде продолжена бидејќи бројките на новите заразени со корона вирусот се загрижувачки.

Според Николоски, кој гостуваше во емисијата „360 степени“ на телевизја „Алсат М“, неопходно е да се прават поголем број на тестови.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  вели дека под секое ниво е да се обвинува министерот Чулев и народот за лошите мерки на власта. За избори, пак, во вакви услови, Николоски смета дека е несериозно да се зборува.

Кога му се руши планот за брзи избори по цена на човечки, виновен е Чулев, виновен е народот. Во суштина виновен е Заев. Денеска гледаме еден организиран напад против народот што е недозволиво бегање од одговорност. Обидот да се префрли одговорноста врз ВМРО-ДПМНЕ е смешен – изјави Николоски.