Македонија 05. септември 2019. / 14:37

Николоски: Во која држава премиер тужи потпретседател на најголема опозиција за политичка изјава?

Николоски: Во која држава премиер тужи потпретседател на најголема опозиција за политичка изјава?

На денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски информираше дека добил тужба од премиерот Зоран Заев, поради негова изјава дадена во врска со случајот „Рекет“.

Николоски најави дека за оваа ситуација ќе бидат информирани и сите дипломати во државава.

Во која држава се видело премиер да тужи потпретседател на најголема опозиција за политичка изјава. Нема таква држава. И на Борис Џонсон не му паѓа на памет да ги тужи тие чии изјави не му се допаѓаат. Денес решава Заев да ме тужи за клевета, рече Николоски.