Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, обраќајки се на конференцијата на Европската Народна Партија во Брисел, меѓудругото се осврна и на наметнатиот спор со името од страна на Грција, како и на лошото менаџирање и на ваквиот проблем, но и на референдумот од страна на актуеланата Влада, и притоа истакна:
Прифаќањето на промената на Уставот беше црвената линија што ниту една друга Влада не ја помина, а тоа е една од главните причини зошто луѓето не го прифаќаат договорот. Исто така не смее да се заборави дека владата направи масовно полнење на кутии, повеќе од 3.5% ливчиња беа незаконски ставани во гласачките кутии. Математиката укажува на тоа дека постојат места каде што гласале луѓе на секои 2.4 секунди, или на секои 5 секунди или на секои 9 секунди. Тоа не е можно!-рече Николоски
Притоа Николоски објасни дека ВМРО ДПМНЕ, побара комисија која би ги разрешила посочените нерегуларности на рефрендумот, предлог кој Владата и Собранието ги имаат отфрлено истиот ден. Николоски истовремено потенцирање и дека за ВМРО ДПМНЕ иднината на Република МАкедонија е единствено во структурите на НАТО и ЕУ, односно преку решение на спорот со Грција.
Знаеме дека тоа е преку договор со Грција. Но, ние мора да бидеме реални. Договорот мора да биде таков што може да биде прифатен од македонскиот народ. Затоа ВМРО-ДПМНЕ верува дека кога ќе имаме шанса да ја водиме Владата, ќе можеме да постигнеме подобар договор со Грција, договор кој ќе биде избалансиран и во корист на Македонија, не само во корист на Грција. Овој договор мора да се соочи со реалноста и граѓаните да можат да живеат со него. Свесен сум дека Грција ќе се вклучи во изнаоѓање на подобар договор, бидејќи е и од нивен интерес да има стабилен регион и да има договор што ќе може да биде прифатен. Договор кој ќе ги почитува правата на Македонците да имаат своја држава и свој идентитет. Тоа е договор кој може да биде прифатен и да биде во полза на сите.-додаде Николоски
На крајот тој забележа дека сите субјекти мора да се фокусираат на конкретна работа. Дека борбата против корупцијата, владеењето на правото и подобрата економија не се поврзани со проблемот со името, туку се поврзани со работа што оваа Влада не го прави и поради тоа оваа Влада мора да замине.-заклучи Николоски