Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ја демантираше веста објавена во провладиниот медиум „Фокус” дека наводно бил искаран од Европската народна партија, поради неконструктивната позиција на ВМРО-ДПМНЕ за капитулантскиот договор со Грција.
Николоски на својот Фејсбук ја потврди соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЕПП и кажа дека лажните вести не можат да ја победат вистината.
Ваквите наслови кои немаат никаква врска со содржината на веста, нити покажуваат едно професионално ниво, зборуваат многу за тој којшто ги напишал, а не за тој на кој се однесуваат. ВМРО ДПМНЕ останува посветено на соработка со нашите пријатели од ЕНП ( EPP), а лажните вести не можат да ја победат вистината- напиша Николоски на Фејсбук.
Во објавениот текст провладиниот „Фокус” се повикува на интервју на бугарскиот европратеник Андереј Ковачев, познат негатор на постоењето на македонската нација, кој тврди дека на Николоски му биле пренесени пораки дека сестринските партии се разочарани од однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и барале партијата да каже која е алтернативата што може да ја понуди.
Инаку пред неколку денови потрпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше на конференција на високо ниво, организирана токму од ЕПП.