Тука сме пред она што треба да е брана Конско, можам да кажам дека таа беше проектирана во текот на 2016 година, беа одобрени средства и требаше да почне да се гради на почетокот на 2017 година, со цел да биде завршена до крајот на 2019 година, рече Александар Николоски, потретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборната единица 4.
-За жал, сè уште, како што можеме да видиме, е во изградба и не е завршена затоа што, за жал, Владата предводена од СДСМ не доволно ја следи динамиката на градба како што е предвидено по планот.
Она што можам да го кажам како ветување и заложба на ВМРО-ДПМНЕ е дека силно ќе се фокусираме на доизградба на оваа брана, која треба да значи наводнување за голем број земјоделски производи и голем број земјоделци и, да, со тоа наводнување се зголеми земјоделското производство во Гевгелиско, но и во целиот овој регион, а исто така ќе придонесе многу за развојот на туризмот.
Она што исто така сакам да го споменам е дека постојат постапки за отуѓување земјиште, кое е во сопственост на приватни лица за експропријација и тоа праведно ќе биде направено, на еден праведен начин и по пазарни цени со цел луѓето исто така да бидат обесштетени и никој да нема штета од овој проект. Напротив, овој проект треба да е еден убав развоен проект за целиот овој регион.
Се надевам на победа на изборите на 15 јули и по тоа, да можеме да ја реализираме оваа брана, со цел, како што кажав, да заживее целиот овој регион, а и земјоделците да добијат соодветно наводнување.
Уште една тема би сакал да искоментирам, таа е поврзана со иницијативата за отворање или она што се говори, поврзано со рудниците, она што сакам да го кажам е дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш ја следи волјата на народот за разлика од СДСМ и никогаш не оди против јасната волја на народот изразена на референдум.
Волјата на луѓето тука во Гевгелија, во Гевгелиско, во Четвртата изборна единица, ако сакате, затоа што имаше и други иницијативи, е јасна и на референдум беше изразена, тоа е против отворање рудници и ние тоа го поддржуваме и рудници нема да се отвораат затоа што народот тоа не го сака. Ние секогаш постапуваме онака како што народот одлучува.
Народот одлучи дека нема да има рудници и рудници нема да има, порача Николоски.