Македонија 25. декември 2018. / 19:11

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ има еден внатрешен силен механизам на препознавање на грешките и прочистување

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ има еден внатрешен силен механизам на препознавање на грешките и прочистување

Александар Николоски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва е гостин на Алфа во емисијата  ,,Отворено” каде што одговараше на прашања од актуелните политички случувања.

-ВМРО-ДПМНЕ имаше еден голем предизвик оваа година, и јас сум апсолутно задоволен како се носеше со тој предизвик, партијата погледна внатре кон себе, успеа да ослободи една интезивна внатрешна дебата,  после подолг временски период дозволивме на членовите и на сите оние кои имаат одговорни позиции во партијата отворено да зборуваат во рамки на партиските тела и органи, како ја гледаат иднината на партијата, но и каде ги гледаат грешките во минатото, врз основа на тоа се донесоа заклучоци.

Имавме една историска седница на Централниот комитет на партијата на 22 октомври, каде што ВМРО-ДПМНЕ се соочи со тие предизвици донесе решенија, неколку членови на партијата беа исклучени од членство а некои беа разрешени. И мислам дека сето тоа резултираше со еден нов правец каде граѓаните препознаа, дека можеме да бидеме самокритични и можеме да ги препознаваме грешките и да ги исправаме истите.

Морам да искоментирам дека после тој Централен комитет, се ослободи една голема позитивна енергија и во партијата но и надвор од партијата  во овие нешто повеќе од 2 месеци се приклучуваат многу луѓе и стари членови но и нови членови кои препознаваат дека партијата  расчистува со лошите практики од минатото што за жал ја донесоа партијата таму каде што ја донесоа. Повторувам имаше и добри моменти , не беше случајно што ВМРО-ДПМНЕ победуваше на толку изборни циклуси колку што победуваше, но за жал во последните години имаше лоши пракси кои што ги препознавме, на истите одговоривме и партијата доживеа едно прочистување , нешто што на партијата и се случува минимум трет пат, а на СДСМ не му се случило никогаш. И затоа јас велам дека ВМРО-ДПМНЕ има еден внатрешен силен механизам на препознавање на грешките и прочистување која што ниту една друга политичка партија го нема во Македонија, рече Николовски во емисијата  ,,Отворено” .