Македонија 26. декември 2020. / 09:01

Николоски: Власта не успеа да го изгласа спорниот законот за преценета продажба на ГаМа

Николоски: Власта не успеа да го изгласа спорниот законот за преценета продажба на ГаМа

21 час непрекината битка во Собрание! Власта НЕ УСПЕА да го изгласа спорниот законот за преценета продажба на ГаМа, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на ФЕјсбук.

Ќе се обидат пак деновиве, но оваа битка во текот на два дена, две ноќи и едно утро покажа дека против ВМРО ДПМНЕ власта НЕ МОЖЕ!, додава Николоски.

Тој и ја честита, како што вели, големата и силна битка на сите пратеници од опозицијата!

 „ПРОДОЛЖУВАМЕ со борбата за ПРАВДА и БОРБА СО КРИМИНАЛОТ во Македонија!“, порача Николоски.