Македонија 07. декември 2020. / 20:06

Николоски: Власта не беше спремна за реформи зашто тие се срцето на криминалот и на корупцијата

Николоски: Власта не беше спремна за реформи зашто тие се срцето на криминалот и на корупцијата

Во 2017 година ЕУ побара реформи со цел 2018 година да се почнат преговори за членство. Познатиот фамозен план, 369, според оценките на Заев, значи сами се оценуваа, а реализираа само 42 проценти, потсети потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешниот протест.

„Во 2018 година, ЕУ рече ви даваме година дена и во поставуваме три услови: реформа на јавната администрација, реформа на безбедносните служби и битка со организираниот криминал и корупција“, рече Николоски.

Како што рече, во јуни 2019 година  немало ни „Р“ од реформи на јавната администрација, безбедносните служби заради активното учество на ВМРО-ДПМНЕ исклучително добри закони се донесоа во собрание ама имплементацијата била катастрофа, а по однос на борба со криминал и корупција во таа година се случи најголемата корупциска афера „Рекет“.

И тогаш ЕУ рече ви даваме уште неколку месеци до октомври да ги поправите работите. Во октомври повторно истата слика, почнаа да излегуваат нови детали од „Рекет“, се виде дека Заев e  capo di tutti capi на таа организирана шема, дека рекетирани се повеќе бизнисмени, изрекетирани се над 20 милиони евра. За ова ќе се видиме со Заев на суд, со докази. И во октомври ЕУ повторно рече „НЕ“ и дури потоа настапи заедничката позиција на  Бугарското народно собрание“, појасни Николоски.

 

Според него вината е кај власта, затоа што, како што вели не беа спремни да прават реформи, затоа што не беа спремни да се изборат со криминалот и корупцијата, затоа што тие се срцето на криминалот и корупцијата во Македонија.

И затоа оставка веднаш, за да не е предоцна“, повика Николоски.