Вевчани има своја симболика за Македонија и она што го направи полицијата е последно место каде требаше да го направи, изјави потпретседателот Александар Николоски за случувањата за време на карневалот кога упадна полицијата.
Прво тоа е настан кој што е на отворено, нема собир на едно место, дистанца има и најбитно луѓето се нервираат за двојни арпини. Неможе во Штип да си викнат журки, тапани, за изборите, а ваму да не може да се задржи 1000 години стара традиција . Исто се кренаа и за литијата ,а од таму немаше ниту еден позитивен случај. Ова беше контра ефект, изјави Николоски.