Да се повлечат од ваквите лоши реформи во образованието , затоа што ниту една Влада во светот не успала да излезе на крај со ученици, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ во емисијата „ Што не е јасно“ на Алфа ТВ.
Сите процеси кои се во насока дека децата нема да учат ништо ќе го поддржиме, затоа што суштината на оваа реформа е создавање на хедикепирана нација, ќе има огромно спротивставување на ова , нема иднина без историја, а ова го гледам како антидржавна политика, изјави Николоски.
Заев е конзистентен во тоа како да ја уништи оваа држава, линија права држи и нема мрднато ниту милиметар. Јас во декември кажав дека ќе се случи смена на членови на Историската комисија. Јас тоа го направив да се отвори дебата или да се спречи. Сменија еден кој најмалку можеа да го контролираат . Ако оваа власт остане сите кои се во таа комисија ќе бидат променети , изјави Николоски.
Мора да остане народот буден, а ние да ја срушиме Владата, кажа Николоски