Македонија 30. август 2020. / 18:52

Николоски: Владата на СДСМ нема капацитет да се избори со корупцијата затоа што треба да почнат од себе

Николоски: Владата на СДСМ нема капацитет да се избори со корупцијата затоа што треба да почнат од себе

Македонија скапува во корупција. Корупцијата ја има од најниско до највисоко ниво, изјави пратеникот Александар Николоски од собраниската говорница.

Овој предлог за Влада нема капацитет да се избори со корупцијата, затоа што треба да почнат од себе. Ако тоа не го направија во изминативе три години, не гледам ниту една причина зошто би го направиле тоа во следниот период. Затоа што не се способни да почнат од себе, изјави Николоски.