Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју за ТВ 21, на прашањето кои биле најголемите погрешни чекори што ги направила владата за неуспехот да се изрази во недобивање на датум за преговори, вели дека првиот и стратешки најголем проблем било тоа што Македонија влегла во иста група со Албанија, наместо да оди во групата со Србија и Црна Гора, кои што веќе преговараат.
– Второ, размислувањето на владата беше, доволно е да го смени името врз основа на капитуланскиот Преспански договор и не треба ништо да работи дома и само заради тоа ќе биде наградувана и дека можат да прават што сакаат дома и дека никој нема да го забележи тоа само заради Преспанскиот договор – вели Николоски.
Исто така, како трет проблем, Николоски ги наведе и масовно распространетата корупција, немањето волја за борба против корупцијата и целосниот колапс на правосудниот систем во делот на владеење на правото.
–Секако, тука е и економијата која што уназадува. И кога ќе го ставите сето ова на купче немаме одлука за почеток на преговори – нагласи Николоски.