Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска на прес-конференција побара одговор како ќе гласат амандманите на Уставот на Република Македонија.
„Имајќи предвид дека Владата и МНР, како и министерот Димитров како потписник на договорот бегаат од одговори, а премиерот Заев ја кажа вистината кога рече дека помеѓу другото не ги објавуваат амандманите затоа што народот ќе се чувствувал непријатно и тоа ќе влијаело на одлуката на референдумот. Сакам да прашам – која е причината што пред најкрупната одлука граѓаните се излажани, изманипулирани и ги немаат сите факти пред себе за да можат да донесат правилна одлука на 30 септември“, праша Николоски.