Македонија 02. октомври 2019. / 21:01

Николоски: Стратешка грешка на Владата е што дозволи Македонија и Албанија да бидат во иста група и поради тоа нема да добиеме датум

Николоски: Стратешка грешка на Владата е што дозволи Македонија и Албанија да бидат во иста група и поради тоа нема да добиеме датум

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски е гостин во Топ тема на Телма каде со Бујар Османи каде дебатираат околу датумот за преговори, дали Македонија ќе го добие или нема.

Холандија имa јасна позиција на нивнииот Парламент која што нивната Влада мора да ја следи, а тоа е дека се против отварање на преговори со Албанија и дека се за отварање преговори со Македонија. И тука доаѓаме до нешто што го говорам 1,5 година и повеќе а тоа е дека е стратешка грешка на македонската Влада што дозволи Македонија и Албанија да бидат во иста група, бидејќи и без разлика на нашите забелешки што ги имаме за Владата, факт е дека Македонија е далеку понапред од Албанија. Ставањето на Македонија во иста група со Албанија ја влече Македонија назад. Затоа што одлуката на Холандија е јасна, но и одлуката на Италија е јасна, која што вели дека двете држави мора да одат во пакет, А Грција и покрај дооговорот за името, повотрно игра Византиски игри и вели и двете држави мора да одат во пакет. А доколу и двете држави одат во пакет и Франција и Белгија и Холандија се изричито против, што значи дека датум нема да има ниту за Македонија, рече Николоски