Според Обединетите нации Македонија спаѓа во земји кои имаат недоволно рестриктивни мерки за справување со вирусот, напиша на својот фејсбук профил, Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Според официјални податоци од ОН, додава тој, се вели дека 63 проценти од земјите членки на ЕУ имаат забранет влез за конкретни припадници на одредени националности.
-Значи, на пример во Германија не смеат да влегуваат Италијанци, 26 од европските земји имаат забрани за влез по држава, така на пример во Франција не смеат да влегуваат луѓе од Италија и 11 проценти дозволуваат влез само со медицинска документација која што докажува дека одреденото лице е здраво. Во Централана Европа каде што според лоцирањето припаѓаме, 49 проценти од државите дозволуваат влез само со медицинска документација, а 45 проценти имаат забрана за влез од одредена земја, пишува Николоски.
Според него, Македонија според ова исто рангирање не спаѓа во ниту една од овие групи и спаѓа во група други забрани кои што не се многу рестриктивни.
-Ова е црвен аларм, што значи дека Македонија спаѓа во други забрани кои што не се многу рестриктивни што значи дека ние не го следиме тоа што го прави Европската унија и во Македонија не е забранет влез за други националности и припадници од други држави, а ниту пак се дозволува да се влезе само со валидна документација што не става условно кажано на други забрани кои што не се рестриктивни, што покажува повторно со какви аматери и неспособни ние имаме работа, пишува на својот фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.