Македонија 01. февруари 2021. / 16:45

Николоски – Сијарто: На патот кон ЕУ, поддршката од пријателите како Унгарија е исклучително важна

Николоски – Сијарто: На патот кон ЕУ, поддршката од пријателите како Унгарија е исклучително важна

Потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска оствари средба со Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петар Сијарто.

Средбата, информира Николоски, доаѓа како продолжение на претходната дипломатска посета која што делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ја имаше со врвот на Унгарската влада, како и во функција на реализација на заложбите за почеток на преговори на Македонија со ЕУ, интензивирање на соработката на сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕС и продлабочување на односите на Македонија и Унгарија.

“На средбата разговаравме за продлабочената соработка и јакнење на капацитетите на двете сестрински партии Фидес и ВМРО-ДПМНЕ во рамките на семејството на Европската Народна партија, како и продолжување на напорите на одблокирање на патот кон Европската Унија. Истакнав дека исклучително важно е да не се губи време со интеграциите на Македонија и од голема помош е секоја поддршка и лобирање на пријателите како што е Унгарија. Високиот степен на корупција, како и неказнетиот криминал кој е потврден и од Транспаренси Интернешнл е сигнал дека Владата на Македонија ги губи своите приоритети, но и дека сето тоа не смее да ја направи државата и граѓаните заложник на неспопособната Влада“, појасни Николоски.

Исто така, било констатирано дека Македонија е време да започне преговори веднаш, а поддршката е сестрана од Унгарија, воедно ваква поддршка Владата треба да побара од сите држави пријатели на Европско тло.

Денес остварив средба со Министерот за надворешни работи на Унгарија Петар Сијарто. Средбата доаѓа како продолжение на…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Monday, February 1, 2021

Дипломатската турнеја Николоски ќе ја продолжи и во Белград каде ќе оствари средба со амбасадорката на Португалија земја претседавач со ЕУ, Марија Виргина Пина која ја покрива и Македонија.

Средбата помеѓу Николоски и Марија Виргина Пина ќе биде прва средба со политичар од Македонија откако од 1 јануари оваа година Португалија е земја претседавач со Европската Унија.