Продолжува традиционално добрата соработка со нашите партнери од германската фондација Конрад Аденауер. Секогаш кога на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија им е тешко тука се да помогнат од Фондацијата Кондар Аденауер која е фондација на најголемата партија во Германија ЦДУ, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
КАС ќе помогне со обуки за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, активистите на различни позиции во партијата, односот со медиумите, како и организационите елементи. Поразговаравме и за состојбата во Македонија со старо – новата крими коалиција на лагата. Перспективата на ВМРО-ДПМНЕ е во соработка со КАС, ЦДУ и останатите сестрински партии од ЕПП, перспективата на Македонија е горда и признаена членка на ЕУ со зачувано национално достоинство и гордост, напиша Николоски.