Во Собранието ќе поднесеме точка на дневен ред , барање , ќе побараме информација за досегашниот тек на разговорите со Бугарија, како и изградба на национална стратегија во однос на проблемот со Бугарија, изјави потпретседателот на Бугарија Александар Николовски во емисија на 24 Вести.
Значи Македонскиот парламент да изгради заедничка позиција во однос на условувањето од Бугарија и да изгради стратешки пат за идниот процес кој треба да е консезус помеѓу сите политиќки партии. Одговорите кои што ги очекуваме е – што се преговара поради завесата со Бугарија, како е можно т.н нон пејпер да излезе во Австрија, а да не го знае никој во Македонија, како е возможно во Бугарија и Борисов и Каракачанов и Захариева да даваат по пет изјави дневно , a Mакедонија да немаме нити една изјава , како е возможно во Бугарија претседателката на главната опозисиска партија да кажува дека се за се информирани и дека имаат консензус, а ние јас, Мицкоски да дознаваме за работите од вести, истакна Николоски.
Нас никој слушалка не ни кренал, ни претседател на Влада, ни министер за надворешни, барем да не информира. Заев кажа дека седум часа преговарал, можеше после тоа да крене слушалка и да го информира претседателот на партијата Мицкоски Ова е паланечка политика што се води во Македонија. Информаците што Заев не сака да ги сподели во ВМРО ДПМНЕ, бугарските политичари ги споделуваат по три пати дневно. Се води паланечка политика во Македонија, сега се соочуваат со зид и таа политика ќе им се сруши, рече Николоски.