Македонија 21. декември 2019. / 11:15

Николоски се сомнева дека Заев навистина го пријавил рекетот на Камчев

Николоски се сомнева дека Заев навистина го пријавил рекетот на Камчев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва во гостувањето во „360 степени“ пласира дилема дали навистина Зоран Заев го пријавил рекетот на Камчев откако овој му се пожалил.

Оваа дилема на Николоски доаѓа по забелешката дека и рекетираниот Камчев во улога на сведок на судењето за „Рекет“ рече дека нема инволвирано политичари.

– Заев вели дека го пријавил случајот во Јавното обвинителство за гонење органзиран криминал. Па ако стварно пријавил, би било добро да ја видиме пријавата, затоа што кога одите во обвинителство за да пријавите нешто мора да има писмена трага. Ако нема, а нема, значи дека не пријавил, затоа што ако пријавил, мора да има копија од белешката земена од јавниот обвинител. Се сомневам дека пријавил и мислам дека се работи за невешт маркетинг на луѓето околу него кои се обидуваат да го исперат за оваа работа, но мислам дека му направија лоша услуга и само го дозаглавија, вели Николоски.