Ќе се гледаме по македонските градови и села, затоа што ова е коалиција на лагата, рече Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за избор на нова влада.
Оваа коалиција ќе биде срушена на масовни демонстрации во македонските градови и села. Демонстрациите ќе почнат уште оваа есен, затоа што капацитет за запирање на поларизацијата нема, а нема капацитет ни за реализација на ветувањата. Народот се чувствува излажан и несоодветно претставен во оваа влада. Се гледаме на демонстрации и заедно ќе ја собориме оваа власт која ќе биде со најкраток мандат во историјата на Македонија – истакна Николоски.