Секогаш главните алатки се кај власта, тоа што може да го направи опозицијата и го правиме е да дава предлози, не велиме дека нашите предлози се совршени и најдобри но тие предлози треба проактивно да бидат разгледувани, за жал гледаме целосно одбивање на се што ќе предложи ВМРО-ДПМНЕ.
А најчесто за две три недели тоа што го предлагаме се применува. Само проблемот е што се губат две до три недели,изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“.
Ние тоа што можеме да го правиме како опозиција, не го прави ниту една опозиција во регионот, може лесно да се провери тоа, е дека ние се обидуваме да и помогнеме на Македонија, и внатрешно и надворешно. Внатрешно ставивме на располагање два тима здравствен и економски, здравствениот тим помага секаде каде што се повиканi луѓето, а економскиот тим искача со предлози и мерки. И втора работа што ниту една опозиција не го прави никаде во регионот, тоа е дека се јавуваме кај нашите сестрински партии онаму каде што се на власт, кај што реално можат да помогнат од Европската народна партија и ги замолуваме да испратат хуманитарна помош за Македонија. Затоа што за жал Македонија е во очајна ситуација. Пред се фали опрема за здравствените работници, кои што треба да се справуваат со кризата, но фали опрема и за полицајците и граѓаните, изјави Николоски.