Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во вечерашното гостување на емисијата „360 степени“, обвини дека премиерот Зоран Заев е изолиран од земјите – членки на ЕУ и затоа немал ниту една официјална посета подолго време.
Причината за тоа, според Николоски, е аферата „Рекет“.
„Зоран Заев упорно избегнува да одговори во јавноста кога последен пат имал официјална средба во официјална посета со премиер или претседател, кога последен пат тоа се случило со премиер или претседател на земја – членка на Европската Унија? Го одбегнува одговорот. Јас го давам одговорот, а тоа е пред да се случи аферата ‘Рекет’. И сега тука легитимно се поставува прашањето, зошто после аферата нема премиер или претседател кој сака да се сретне со Заев. Јас мислам дека нема премиер или претседател кој ќе седне на иста маса со него, затоа што има перцепција дека е изолиран. И тие луѓе имаат опозиција, ќе излезат на избори и ќе им речат седите на сита маса со корумпиран човек“, кажа Николоски.