Македонија 13. јануари 2019. / 12:20

Николоски: Првиот ден кога ќе дојдеме на власт, ќе пристапиме кон менување на договорот – државата ќе продолжи да се вика Македонија!

Николоски: Првиот ден кога ќе дојдеме на власт, ќе пристапиме кон менување на договорот – државата ќе продолжи да се вика Македонија!

И покрај тоа што Собранието ги изгласа уставните измени, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски вели дека оваа државата ќе продолжи да се вика Македонија без разлика на се, а ветува нов и подобар договор со Грција.

Преспанскиот договор по референдумот е политички мртов и празно слово на хартија. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите механизми на располагање, а првиот ден кога ќе дојдеме на власт ќе направиме се, затоа што подобар договор за Македонија е возможен, Македонија да биде член на ЕУ и НАТО, а да не се промени уставното име – изјави Николовски за Ohrid news.

На прашање како би го постигнале тоа, Николовски одговара:

Неповратни процеси нема во историјата, гледаме меѓународни договори се менуваат во согласност со потписниците, гледаме и во регионот се отвораат прашања незамисливи до сега, силна македонска дипломатија може да го направи тоа – дoдава тој.

Според него Заев избегал од предвремени парламентарни избори, со оправдување дека не се во корист на заздравување на економијата.