Македонија 11. јануари 2021. / 19:53

Николоски: Продолжуваме со интензивната соработка со Конрад Аденауер

Николоски: Продолжуваме со интензивната соработка со Конрад Аденауер

Денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, остваривме средба со новиот директор на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија, Даниел Браун, напиша потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски на социјалните мрежи.

На средбата разговаравме за успешната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Конрад Аденауер и заклучивме дека соработката и пријателството и во иднина уште повеќе ќе се интензивира преку проекти насочени кон јакнење на партиските капацитети, напиша Николоски.

Денес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски,…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Monday, January 11, 2021