Македонија 27. декември 2019. / 18:56

Николоски: Пријава за Рекет од страна на Зоран Заев нема! Да имаше Заев ќе ја покажеше белешката од пријавата!

Николоски: Пријава за Рекет од страна на Зоран Заев нема! Да имаше Заев ќе ја покажеше белешката од пријавата!

После недела дена јавен притисок Зоран Заев само го потврди тоа што јас цело време го тврдам – пријава за Рекет од страна на Зоран Заев нема! Да имаше Заев ќе ја покажеше белешката од пријавата, напиша потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски на социјалните мрежи.

Нагласувам согласно Законот за кривична постапка член 274 став 3 кој вели дека доколку пријавата се поднесува усно за истата се составува записник, а доколку е телефонски се составува службена белешка, мора да има записник или службена белешка од пријавата, истата треба да е потпишана од Заев како пријавител и надлежен обвинител. Од истата Заев како пријавител би требало да добие копија. Може ли да ја видиме пријавата ? Очигледно неможе зашто ја нема. Разговор со обвинител на улица или во нечиј кабинет не е пријава. Се знае како се пријавува и се знае како е процедурата јасно согласно Законот за кривична постапка. Се распрснува уште еден меур на лаги, исто како што денес се распрсна тоа дека Боки 13 нема ништо со СДСМ. Имал и тоа многу ете дома му биле на гости цело раковоство на СДСМ од Шекеринска, преку Филипче, до Градоначалникот на Карпош и многу останати. Факт е дека Заев не го пријавил Рекет, како што е факт дека цел врв на СДСМ бил во тесна релација и координација со Боки 13, напиша Николоски на социјалните мрежи.