Македонија 26. октомври 2018. / 19:08

Николоски: Пратениците беа под притисок да гласаат „ЗА“ уставните измени

Николоски: Пратениците беа под притисок да гласаат „ЗА“ уставните измени

Гласањето на потребата за отворање на македонскиот Устав беше класично усилување на демократијата. Јасно се гледаше дека Зоран Заев нема поддршка за гласањето, па тоа го направи со директни закани, и обид за поткуп, закани со судски процеси, тоа е стил на СДСМ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување на „Отворено“ на Алфа.

Коментирајќи го брзото менување на ставот на осуммината пратеници Николоски вели дека власта преку монтирани политички процеси ги притисна пратниците за да го обезбеди потребното мнозинство.

Злоупотребувајќи ја нивната мака и сериозните затворски казни кои им се закануваат, мнозинството го доби тоа што го бараше, но тоа нема да им ја оттргне ниту пак намали вината на пратениците, смета потпретседателот на ВМРП-ДПМНЕ.

Николовски е дециден, Власта водеше скапо платени кампањи, работеше на тоа да внесе немир и раздор во опозицијата и тоа го направија. Сакаат да створат слика дека се зависи од вмро, а не од СДСМ.

Изненадени сме од одлуката на сите пратеници кои гласаа, непријатно е што сите тие беа на листата на ВМРО. Не очекувавме дека ќе одат спротивно на изборната програма и на граѓаните кои ги избраа, вели Николоски.