Македонија 25. ноември 2020. / 21:45

Николоски повика на протест за одбрана на црвените линии: Утре во 18 часот, од СЦ „Борис Трајковски“ до Влада

Николоски повика на протест за одбрана на црвените линии: Утре во 18 часот, од СЦ „Борис Трајковски“ до Влада

ПРОТЕСТ СЕГА, ЗА ДА НЕ БИДЕ ПРЕДОЦНА!, повика потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски преку објава на „Фејсбук“.

Ако нашите дедовци од 1941 до 1944 година се бореле против „администрација“ како што манипулира Заев, тогаш тоа нив ги прави „терористи“ и „престапници“, а не ослободители. Не! Нашата слобода е дело на народната борба против окупаторот, со многу жртви, падови и победи. АСНОМ е вториот Илинден, а Народноослободителната борба е дел од европската борба за слободни народи. Македонија е за пријателство, но пријателството значи взаемно почитување. Ако нема почитување, нема да се разбереме. Да не бидеме неми, да бидеме гласни пред да биде предоцна, додава Николоски.

Тој повикува на, како што вели, натпартиски предупредувачки протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет.

Утре во 18 часот, од СЦ „Борис Трајковски“ до Влада. Протестот, поради запазување на здравјето поради корона кризата, ќе биде со автомобили. Овде не се работи за партии, овде се работи за Македонија, за Илинден и АСНОМ, за она што сме и она што сакаме да останеме. Сега, за да не биде предоцна!, појасни Николоски.

ПРОТЕСТ СЕГА, ЗА ДА НЕ БИДЕ ПРЕДОЦНА!

Ако нашите дедовци од 1941 до 1944 година се бореле против „администрација“ како…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Wednesday, November 25, 2020