Македонија 11. јуни 2018. / 16:18

Николоски: После митингот ВМРО-ДПМНЕ е во процес на силна битка и критика кон власта

Николоски: После митингот ВМРО-ДПМНЕ е во процес на силна битка и критика кон власта

Александар Николоски во својата колумна за Независен, се осврна на тоа каква порака беше пратена на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и што е променето за разлика од порано.

“Митингот е во исто време финале на еден процес и почеток на нов. Финале на процесот на преструктурирање на ВМРО-ДПМНЕ и почеток на процес на силна битка и критика кон власта што треба да доведе до нејзина промена на следните предвремени или редовни парламентарни избори. Велам, предвремени или редовни затоа што власта на Заев веднаш по митингот побрза да одговори дека не е подготвена да го прифати предизвикот за предвремени парламентарни избори заедно со првиот круг на претседателските под исти услови какви што тие имаа во 2016 година” пишува Николовски во својата колумна за Независен.

Николоски потсетува дека кога беше опозиција со Пржинскиот договор СДСМ имаше, министри за внатрешни и труд и социјална политика и заменици со право на вето во финансии, земјоделство и администрација,  сега ВМРО-ДПМНЕ го бара истото за да имаат минимум гаранција дека ќе добијат фер избори.

“Понатаму, како да има доверба во систем во кој името на братот на премиерот станува синоним за корупција и злоупотреба на власт и моќ. Како да има доверба кога сите медиуми кои не се блиски на власта почесто имаат контрола од УЈП и разни други инспекции, отколку што имаат гости на разни општествени теми за кои треба да известуваат. Како да има доверба кога полицијата апси без налог, без да се симне имунитет на пратеници, а судството и обвинителството уживајќи во истиот непринципиелен брак оневозможуваат основни права на жени или не даваат на болни да се лечат” додава Николоски.

Според Николовски има уште два момента кои оставија силен впечаток на митингот на ВМРО-ДПМНЕ кои вреди да се анализираат. Прво што дојдоа многу луѓе од сите краишта на Македонија и од сите возрасни категории, но дека разликата ја направија Скопје и младите. Николовски додава дека младите биле оддамна симбол на поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, но за жал, поради погрешните политики и недоволно внимание во последните години станале предводници на т.н. Шарена револуција и  дека тоа бил факторот кој помогна СДСМ да се доближи на парламентарните избори во 2016 година и да победи на локалните во 2017 година.

Но дека масовниот одзив на митингот во Скопје, како и на младите од цела држава, покажува дека времето на слатки лаги е завршено и дека оние што поверуваа дека со владеењето на Заев и СДСМ „ќе стигнеме пред портите на рајот се разочарани и го виделе неговото вистинско лице,  ја завршува својата колумна Николовски за Независен.