Македонија 30. јуни 2020. / 22:54

Николоски порача од Струмица: Заев прави анкети и знае дека дебело губи

Николоски порача од Струмица: Заев прави анкети и знае дека дебело губи

Прави Зоран Заев анкети како што правиме ние и знае дека дебело губи и на ниво на држава и во четвртата изборна единица и затоа слушам со овие украдени пари кои што ги краде од сите вас тука порано ги крадеше само од Струмица затоа што беше најкрими градоначалник кој што градот било кога го имал, сега ги краде од цела држава. Со тие украдени пари ангажирал една ПИ-ар агенција од Србија да му помага што да прави во четвртата изборна единица и седнале во Скопје, па им објаснуваат што е четвртата изборна единица кои има таму, кои се проблеми итн. Ама ја утнале работата, Скопје е во првата изборна единица, не е во четвртата изборна единица, Струмица е во четвртата изборна единица, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во изборна единица 4, Aлександар Николоски од Струмица.

Николоски го повика Заев да не ги троши, како што рече, украдените пари бидејќи ќе му требаат за адвокати после избори и тоа за поприличен број на адвокати и него и неговите пајташи.