Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата Александар Николоски, денеска во Загреб имаа средба со премиерот на Република Хрватска Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни и европски прашања на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.
На оваа средба претставниците од ВМРО-ДПМНЕ побараа поддршка од Пленковиќ, а свој статус околу средбата напиша и потпретседателот на партијата, Александар Николоски.
– Во рамки на денешната посета на Хрватска остваривме средба со Премиерот на Хрватска, г. Андреј Пленковиќ. Премиерот на Хрватска Пленковиќ е долгогодишен пријател на Република Македонија, а двете сестрински партии ВМРО-ДПМНЕ и хрватска ХДЗ имаат силна соработка во рамки на ЕПП.
На средбата со хрватскиот премиер разговаравме за сите актуелни случувања во Македонија, катастрофалното менаџирање со корона кризата и економската криза како последица на здравствената криза. Македонија се наоѓа во ќорсокак на патот кон ЕУ, економијата тоне, а корупцијата цвета во државава.
Заеднички заклучивме дека соработката помеѓу двете држави треба да се интензивира на повеќе полиња, посебно во делот на размена на искуства, знаење и економија, напиша Николоски на неговиот Фејсбук профил.
Во рамки на денешната посета на Хрватска остваривме средба со Премиерот на Хрватска, г. Андреј Пленковиќ. Премиерот на…
Posted by Aleksandar Nikoloski on Четврток, 21 јануари 2021