Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ говореше за актуелната политичка состојба во земјава.
Зошто Заев две недели не одговара дали знае дека Никола Димитров го оговарал. Втората работа е дали е вистина дека блиски соработници на Зоран Заев работат на дисредитација на неколку членови на историската комисија за Бугарија. Заев сака Комисија која ќе потпшпе се што сака Заев . И третото праашање, слушнавме работи од Бугарија – Екатерина Захариева кажа дека не била Бугарија која била едниствена против Македонија да влезе во ЕУ, и претседателот на Бугарија Румен Радев кажа дека до октомври 2019 Бугарија не правела никакви проблеми за старт на преговори, изјави Николоски.
Заев и неговата влада се виновни затоа што Македонија не добива датум за преговори , обвини Николоски.
Последна средба на Заев со колега од развиена европска земја е пред да се случи Рекет , Од тогаш никој не сака да го прими Заев, кажа Николоски.