Македонија 16. декември 2020. / 14:15

Николоски: Пендаровски врти грб на народот, затоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата му свртеа грб нему

Николоски: Пендаровски врти грб на народот, затоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата му свртеа грб нему

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешната прес-конференција зборуваше на две теми.

Тој се осврна на денешното годишно обраќање на претседателот Стево Пендаровски.

„ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го напуштија обраќањето на Пендаровски од неколку причини. Стево Пендаровски покажа дека не е претседател на сите граѓани туку извршител на една политичка структура и извршител на Зоран Заев. Со тоа Стево Пендаровски сврте грб на македонските граѓани и затоа денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата му свртеа грб. Второ, Стево Пендаровски е прв којшто кажа дека нашиот национален херој, Гоце Делчев е Бугарин и со тоа ги сруши макдонските национални позиции, ја отвори Пандорината кутија и со тоа ги оневозможи исоричарите на научна основа да разговараат за историјата. Во преговорите за историјата внесе политика и драматично ги поткопа темелите на македонската самобитност, македонскиот национален идентите, самобитноста на македонскиот јазик и посебноста на македонската историја“, рече Николоски.

Тој додаде дека пендаровски е претседател кој не кажал ниту збор  за изјавите на Заев дека бугарската држава во вторта светска војна била ослободител, дека тука имало адмнистрација и дека бугарскиот и макдонскиот јазик се едно исто.

Стево Пендаровски е претседател кој не се консултира ниту со политичките партии, ниту со еден поширок општесвен круг за стратешки работи кои и се предлагаат на Македонија од типот на членство во една од најбитните институции како што е Европската економска асоцијација. Стево Пендаровски без постоење на елементарен доказ за обезбедено мнозинтво му го додели мандатот на Заев со што го стави во привилегирана позиција за составување на Влада во услови кога самиот заев кажа дека нема обезбедено 61 потпис. Конечно Стево Пендаровки е претседател на држава којшто е нелегитимно избран зашто се појави сведоштво на лидер на верска заедница којшто кажа дека гласовите за Стево Пендаровски биле купени, а за возврат му биле ветени пари и земјиште на скопско Кале. И затоа нема легитимитет да се претставува како претседател на Република Македонија, појасни Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече декас поради сето тоа ВМРО-ДПМНЕ ги продолжува замрзнатите односи со Пенаровски, поради тоа што врти грб на народот, затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата му свртеа грб нему.