Македонија 26. декември 2020. / 00:52

Николоски: Ова што го прави власта со спорот меѓу Владата и Макпетрол е исто како промената со името, за тоа ќе следи одговорност

Николоски: Ова што го прави власта со спорот меѓу Владата и Макпетрол е исто како промената со името, за тоа ќе следи одговорност

Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието во своето обраќање на вечерашната собраниска дебата за Предлог законот за решавање на спорот меѓу Владата и Макпетрол АД и рече дека ова што го прави власта е исто како со промената на името.

Македонската јавност треба да знае дека денес на Божиќ не држите тука во Собрание и дека толку ви е голема маката што на Божиќ мора да седиме тука за да му даде Собрането дозвола на Зоран Заев договор каков што ниту еден премиер претходно не сакал да потпише и се тужел, одел по судови со компанијата со која требало да потпише. Ова е отприлика како промената на името ниту премир од ВМРО-ДПМНЕ, ниту премиер од СДСМ претходно потпишуваше промена на името, ниту промена на Уставот. Дојде овој се најде најпаметен и потпиша промена на Устав со цел промена на име и еве овој најпаметен решава да потпише договор кој ниту еден друг премиер не сакал да го потпише затоа што се за него е пазар. Седнува и се пазари и тоа како ќе се испазари гледа дали му одговара цената. Во делот на промена на името цената беше да врши политички терор, да му замижуваат меѓународни наблудувачи на 200 евра поткуп по глас во Стумица,а овде не им е одредена поддршка.Такаов пазарција имаме од кој што штетите генерации ќе треда да ги решаваат затоа што за само две години без камен да стават милијарда и шесто милиони ја задолжуват Македонија, истакна Николоски.

Понатаму и Бране Петрушевски, Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање посочи дека владата брза со овој закон да се изгласа за да може да се легализира уште еден криминал од страна на Зоран Заев. Споре пратеникот Петрушевски за сето ова еден ден ќе следи одговорност.

– Доживеавме да тој се степен да се деградира овој претставнички дом на граѓаните и веќе два дена да расправаме за народски кажано купородажен договор кој што си го направиле двајца олигарси од Република Македонија,едниот вршител на финкцијата премиер на Република Македонија и другиот сопственик на Макптерол и негов близок политички соработник.За ова се расправа затоа што на владеачкото мнозинтво и на владата и се брза во ова буџетска година да се изгласа овој закон и да се легализира уште еден криминал направен од страна Зоран Заев. За жал овде не слушнавме аргументирани говори од страна на пратениците од власта зошто да се донесе закон со кој се уредува споре помеѓу еден приватен правен субјект и владата. Затоа што сметаат дека на овој начин ќе го легализираат овој криминал од една страна од друга страна на една прорежимска телевизија наречена како телевизија Макпетрол ќе и дадат дополнителна инекција финасиска со која што се надеваат дека ќе и го зголемат рејтингот и гледаноста и со тоа ќе продолжат режимски да владеат во оваа држава. Меѓутоа за среќа има разумни граѓани и ова тешко дека ќе помине и ако помине за ова во некои нормални времиња ќе има одговорност, рече пратеникот.