Македонија 21. јануари 2020. / 13:30

Николоски: Откако СДСМ е на власт, полицијата и царината немаат фатено грам кокаин

Николоски: Откако СДСМ е на власт, полицијата и царината немаат фатено грам кокаин

Во моментов кокаин имате на улиците на Скопје повеќе било кога во историјата на Македонија. Поевтин е од било кога и подостапен е од било кога. Еве нека размислат сите кои што не гледаат кога последен пат на вести виделе кило кокаин да фати македонската царина или македонската полиција. Јас сега ќе одговорам, во овие три години грам кокаин не е фатено. Дури ни по грешка кога прават претрес на камион, автобус или автомобил кој што поминува на граница.