Македонија 02. февруари 2021. / 17:20

Николоски оствари средба со амбасадорката на Португалија, а Заев во последните шест месеци нема ниту една средба со европски премиер

Николоски оствари средба со амбасадорката на Португалија, а Заев во последните шест месеци нема ниту една средба со европски премиер

Денеска претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, оствари средба со Н.Е. Марија Виргина Мендес де Силва Пина, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Португалија, со седиште во Белград, Република Србија, која ја покрива и нашата земја.

Николоски е првиот политичар кој остварил средба со амбасадорката откако Португалија е актуелен претседавач со ЕУ, при што ја искористи можноста да упати покана амбасадорката да го посети Собранието, како и да се обрати пред Националниот совет за евроинтеграции.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, никој од актуелната власт на СДСМ не се сретна со амбасадорката на Португалија, претседавач на Европската Унија.

Исто така премиерот на нашата земја, Зоран Заев во последните шест месеци нема остварено средба со ниту еден европски премиер.