Македонија 03. април 2020. / 15:49

Николоски: Огромна благодарност за нашите пријатели од Словенија вака се сака Македонија

Николоски: Огромна благодарност за нашите пријатели од Словенија вака се сака Македонија

Огромна благодарност за нашите пријатели од Словенија, напиша Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил каде се заблагодари на Словенија за помошта испратена денеска.

ВМРО-ДПМНЕ и од опозиција помага на Македонија! СДС Словенија е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, а Јанез Јанша наш голем пријател. Оваа помош е резултат на разговорот помеѓу Јанша и Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во кој беше побарано од Јанша да и помогне на Македонија. Вака се сака и вака и се помага на Македонија!, напиша Николоски.