Потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Аександар Николоски во Студио 10 на Тв24 зборуваше и за блокадата од страна на соседна Бугарија.
Има изјава од Заев од 26 јули 2017 пред да се потпише дека договорот е совршенство, или на 1 август 2017 кога го потпипа вели Договорот за добрососедтво со Бугарија стана инспирација за соработка за регионот и пошироко за денес да сме сите свесни дека Македонија и македонскиот народ се доведени пред невозможен избор. Или да се одродат или Македонија да не напредува на начин што нема да преговара со ЕУ. Тоа не избор, рече Николоски.
Македонската јавност три и пол години беше убедувана, додаде тој, дека сите проблеми со Бугарија се решени.
Според Николоски, нешто во изминатиот период не се презентирало соодветно на јавноста или се ставале проблемите под тепих.
Најлошата работа што може да ја направите на сопствената држава е да потпишете лоши договори. Мислам дека Договорот во суштина можеби е намера кон иднината но е лош, затоа што или треба да сте политички аматер или кусоглед, да во договор со друга држава ставите одредба дека иднината на вашата држава зависи од Комисија за историски прашања на Балканот, каде што не можете два града кои ќе се согласат за минатото, а камоли две држави и да очекувате дека ќе нема проблеми во иднина, смета Николоски.
Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија не напредува и затоа има резерви кај одредени земји во ЕУ.