Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24 изјави дека односот на Бугарија се граничи со насилство кон земјата, со злоупотреба на сила.
Тој вели дека Грција, блокирала, но немало дрски и безобразни изјави.
„Структурата на договорот е кога ќе кога го потпишувате, да бидете свесни со кого го потпишувате. Бугарските политичари отсекогаш биле вакви, тоа е нивната политика и во такви услови, треба да размислите како тоа ќе излезе во пракса. Според мене најголема грешка во договорот е што нема никакви заштитни механизми и клаузули во договорот, не е предвидена никаква арбитража. Како врв на договорот се става работата на историската комисија, да на Балкан се согласите иднината на вашата држава зависи од разговорите, а тоа е политички аматеризам или скриена агенда“, вели Николоски.
Тој потенцираше дека немаме заедничка историја со Бугарија, и себеси се смета за одличен познавач на историјата.
Николоски исто така рече дека името на ВМРО не може никој да го одземе, како што се закануваше Каракачанов. Ако, се видат клучните разлики меѓу него и ВМРО и она ВМРО кое тој го предводи, се гледа разликата меѓу Бугарија и Македонија, вели Николоски.