Македонија 12. декември 2019. / 17:17

Николоски од Париз: Силна битка со корупција е услов за преговори со ЕУ

Николоски од Париз: Силна битка со корупција е услов за преговори со ЕУ

„Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја исчисти корупцијата и ќе почне преговори за членство во Европската унија“, порача потпретседателот на партијата Александар Николоски, додавајќи дека силна битка со корупција е услов за преговори со ЕУ.

Тој во својата фејсбук објава напиша дека денеска во Париз делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ остварила исклучително важна средба со вториот човек на Францускиот Парламент за надворешни работи Жак Мер човек одговорен за новата политика на претседателот Емануел Макрон кон Европската Унија и проширувањето.

Исто така додава, остварена е средба и со Сенаторот Ален Ришар, одговорен за економска соработка со Балканските земји.

– Пораките на Франција се јасни – ја сакаат Македонија во ЕУ и сакаат да преговара за членство што поскоро, но мора да се случат две работи – да се промени мотодлогијата за преговори и Македонија да испорача силна битка против корупцијата како и спроведување на законите. Не се проблем законите туку нивното спроведување со фокус кон владеење на правото и борба со корупцијата, напиша Николовски. 

Според Николовски, со соговорниците споделиле дека целите се исти – почеток на преговори за членство со ЕУ, силна борба со корупцијата и функционирање на владеењето на правото, со чие постигнување на овие цели ќе расте економијата, ќе се отворат нови работни места, раст на платите, а младите ќе остануваат во Македонија.

По изборите во април ВМРО-ДПМНЕ заедно со Франција ќе работи да ги постигне овие цели, порача Николовски на крајот од неговата фејсбук објава.