Македонија 02. август 2019. / 14:26

Николоски од Мечкин Камен: Над Македонија се надвиснати темни облаци, ја владее ненародна одродена власт

Николоски од Мечкин Камен: Над Македонија се надвиснати темни облаци, ја владее ненародна одродена власт

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски од Мечкин Камен истпрати порака дека Македонија пак гордо ќе се исправи.

-На Мечкин Камен со македонскиот народ на Илинден. Тука храбро се бореа македонските востаници за Република и човечки правдини. Нивниот аманет е завет за нас. Да ја градиме и воздигнуваме Македонија. Над Македонија се надвиснати темни облаци, ја владее ненародна одродена власт. Но денот на промена доаѓа многу брзо. И Македонија пак гордо ќе се исправи. Сите заедно со нашиот народ ќе ја вратиме гордоста на Македонија, порача Николоски.