Има политички договор за пописот, изјави Александар Николоски вечерва во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.
Јасно дека СДСМ и ДУИ имаат договор како да ги наштимаат процентите. Тој политички договор создава нереални бројки во статистичката операција. Тоа ќе биде лошо во однос на планирање во економијата , ќе има нереални бројки, изјави Николоски.
Ние сме за попис, ама за статистичка операција, а не за политичка операција, како што се планира. Затоа граѓаните да се потпишат на Иницијата за укинување на Законот. Има правна процедура која ја почнавме деновиве . Очекувам над 100 илјади луѓе да се потпишат на нашата иницијатива за укинување на Законот за попис .Одиме на рушење на оваа влада и формирање ново парламентарно мнозинство, истакна Николоски.