На трите места каде што бевме , побаравме помош околку вакцините, но ни беше одговорено дека досега ниту еден официјален претставник од власта не се јавил да побара, ниту вакцини, ниту било каква друга помош, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, во вестите на Сител.
Да ја потсетам јавноста дека на барање на ВМРО ДПМНЕ , Унгарија и Словенија беа први кои доставија помош во однос на маски, скафандери и заштитни визири итн, во март кога почна пандемијата, а тоа беше исмевано од страна на власта. Еве сега од оваа посета дознавме дека никој од власта не се јавил во овие три држави , ти се спремни да помогнат , па еве да апелирам да се јават оти имаме таму пријатели кои што сакаат да помогнат, изјави Николоски.
Ова што се случува со вакцинацијата е навистина една катастрофа, мора луѓето да добијат шанса да се вакцинираат, има луѓе кои сакаат да се вакцинираат, некои не сакаат, а за жал неспособноста на власта чини човечки животи, изјави Николоски.