Македонија 15. октомври 2019. / 21:59

Николоски: Нема преговори за влада што зема торби „Луј Витон“ полни со пари

Николоски: Нема преговори за влада што зема торби „Луј Витон“ полни со пари

Постои таен договор меѓу македонската и албанската влада со кој се предвидува Македонија да забави со потребните реформи за да се формира група од двете земји коишто заедно ќе одат на европскиот пат, а таквиот договор направен од владата на Заев не чинеше добивање датум за преговори со ЕУ, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за лидер.

Тој додаде дека дополнителен проблем за Македонија е тоа што наместо да се посвети на реформите, владата на Заев се оддала на корупција, со што се уништиле шансите за добивање датум

– Уште во април минатата година предупредив дека постои договор меѓу албанската влада и македонската влада, склучен на таен состанок на Бујар Османи и Дитмир Бушати, тогашниот министер за надворешни работи на Албанија, на кој Македонија прифати да забави со реформите со цел да се направи нова група кандидати со Македонија и Албанија. Гледаме сега дека таа група ја чини Македонија добивање датум за преговиори. Дополнително, во овие година и пол, владата на Заев ништо не направи во пакетот на реформи, напротив се корумпираше. Гледаме торби „Луј Витон“ полни со пари и сега веќе никој не сака да ја раздвои Македонија од Албанија затоа што сметаат дека нивото на реформи е катастрофално ниско и во Македонија и во Албанија – изјави Николоски.