Македонија 29. јуни 2018. / 22:02

Николоски: Нема поголемо понижување на македонскиот народ од промена на уставното име на Македонија

Николоски: Нема поголемо понижување на македонскиот народ од промена на уставното име на Македонија

Она што Република Македонија го добива денес е потенцијална награда за согласноста на Зоран Заев да го направи тоа што ниту еден друг премиер претходно не бил спремен на го направи, а тоа да го промени Уставот на Република Македонија.

Има надминување и надминување. Значи има надминување достоинствено и има надминување недостоинствено. Ова е недостоинствено затоа што имаме промена на Устав, поголемо понижување за една држава и еден народ е да си го смени Уставот и да го смени именувањето на државата и за внатрешна и надворешна употреба како и дефинирањето на сите прашања, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во денешното неговот гостување во емисијата „Топ тема на ваша страна“.

Николоски додаде дека не е задоволен од тоа што Македонија не добила датум за членство и дека тоа не е добро за Република Македонија. Тој изјавата на Бујар Османи каде што кажал дека Македонија доби датум ја окарактеризира како лага и манипулација.

Бујар Османи е познат по манипулирање и лажење на јавноста. Кажа дека добивме датум ама не кажа кој е датумот. Може ли било кој од владата да излези и да каже дека на тој и тој ден, тој и тој месец, таа и таа година ќе почнеме преговори. Не може затоа што таква работ нема, потенцираше Николоски.

Според него Македонија паднала на ниво да биде спореден со Албанија покажува дека нема ништо од реформите кои што ги најавува.

Потпретседателот обајсни дека и покрај тоа што Заев се труди да го промени името и Уставот на Република Македонија и да го обезличи македонскиот народ, нема да има препорака за почеток на преговори бидејќи клучно за почеток се реформите кои оваа влада според него не може да ги спороведи бидејќи и неспособна и нема капацитет.

Ние доаѓаме во ситуација на согласност од Заев да се смени името, на согласност од Заев да се смени Уставот, на согласност од Заев да се обезличи македонскиот народ, каде што велат ти три пати можеш да си го промениш името се додека не испорачаш реформи преговори нема, додаде Николоски.